Во сообраќајка во Велес тешко повреден 80 годишен возач на „томос“

by irena 13:14
13:14

Во СВР Велес вчера околу 17,25 часот било пријавено дека на крстосница од ул. „Методија Андонов Ченто“ со ул. „Борис Трајковски“ во Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 60 годишниот В.А. од Велес и мопед „томос“ со велешки регистарски ознаки, управуван од 80 годишниот К.А. од Велес.

Како што информираат денеска од СВР Велес, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Велес.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.

Портпаролот на ЈЗУ Општа болница Велес информираше дека повредениот се здобил со повреди на глава и рана на глава и скршеница на клучна коска и повреди на рбетот.

Тој е тешко повреден и укажана му е сета неопхпдна медицинска помош и е вон животна опасност.

 

Слични вести