Мицотакис: Вакцината против Ковид-19 е новогодишен подарок за 2021 година

by fokus

Премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, во новогодишната порака упатена до граѓаните на таа земја, ги повика своите сограѓани да се вакцинираат против вирусот „ковид-19“.

Мицотакис апелира до сите да се вакцинираат откако вакцината ќе им биде достапна, пренесува грчкиот весник „Катимерини“.

„Вакцината против ковид е новогодишен подарок за 2021 година, а за возврат треба целосно да ја прифатиме како самозаштита и изразување солидарност кон нашите најблиски“, рече Мицотакис во видео пораката.

Тој исто така ги повика граѓаните на Грција да бидат претпазливи за време на новогодишните и божиќните празници и да не ги симнуваат „своите здравствени чувари“ и покрај вакцината, која сега е достапна во ограничени количини.

„Време е да го преминеме мостот помеѓу крајот на војната против корона вирусот и почетокот на битката за напредок – но ова е мост со невидливи стапици и мора да го преминеме полека и безбедно“, заклучи грчкиот премиер.

Поврзани новости