Нов земјотрес од 3,5 степени повторно ја стресе Петриња

by fokus

Прилично силен потрес со епицентар на шест километри западно од Петриња е почувствуван вечерва со магнитуда од 3,5 степени според Рихтеровата скала. Вечерашниот земјотрес, според сеизмографите на Хрватската сеизмолошка служба, е евидентиран околу 19 часот.

Од Геофизичкиот отсек на Природно-математичкиот факултет во Загреб информација дека на петрињското епицентрално подрачје од 28 декември се регистрирани 374 потреси од кои 109 во последните два дена.

Според проценки на сеизмолозите, ќе нема скоро смирување на тлото, а не е исклучена можноста за нов посилен земјотрес на подрачјето на Петриња во наредните денови, иако, како што истакнуваат, такво нешто е малку веројатно.

Поврзани новости