Мицкоски: Заев вчера безобразно извади 2.000 денари, тоа е повеќе од мојата дневница како редовен професор

by fokus

Поради лажните ветувања која луѓето, Зоран Заев вчера пред судот можеше само да им се извини. Ова денеска го истакна лидерот на опозициската партија, ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој патем упати критики кон Заев, поради неговиот вчерашен гест, кога реши да му даде 2.000 денари на бездомно лице.

„Пет години обвинуваше луѓе дека се вклучени во монструозни настани. Пет години лажеше луѓе, за да вчера во еден ден, се распрсне сето тоа. Најмалку што очекуваше јавноста од поранешен премиер е да се извини. И уште безобразно да извади две илјади денари, што патем речено е повеќе од мојата дневница како редовен професор. Тоа е директно подбивање со системот“, истакна Мицкоски.

Поврзани новости