Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ освен што ја научи лекцијата од минатото, сега ќе донесе обнова со нови луѓе

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во обраќањето на конвенцијата на која беа претставени носителите на листи за изборите, рече дека ВМРО-ДПМНЕ за само неколку години ја научило лекцијата, а сега ќе донесе обнова и промени.

-ВМРО-ДПМНЕ е таа надеж која ќе ги донесе промените, тој спој на луѓе и вредности кој ќе се спротивстави на оние кои донесоа разочарување, огромна неспособност во секое поле, криминал кој е не казнуван, раслојување и поделби. Две работи се сигурни за власта на Заев: неспособни се и криминални, и затоа Македонија оди во погрешен правец. Запрепастувачка е неспособноста со која се управува државата, неспособност која не турка кон дното, нефункционалност на системот кој крахира, неправди кои болат. Неспособност која фрла во апатија, неспособност во која гледаме како државата ни се одзема од рацете. ВМРО-ДПМНЕ на овие избори ќе оди со својата понуда, со многу нови луѓе и нова генерација која ќе донесе промени кон подобро. ВМРО-ДПМНЕ за само неколку години освен тоа што ја научи лекцијата од минатото, сега велиме дека ќе донесеме обнова и тоа со многу нови луѓе. Ова не е битка само на ВМРО-ДПМНЕ против власта, туку на целиот народ против Заев и оние во раководството на СДСМ, рече Мицкоски.

 

Поврзани новости