Владата усвои дополнителни мерки: Здравствените работници да не користат одмори, да бидат целосно на располагање

by fokus

Позитивни на коронавирус  во државава се уште две лица. Тие се од Дебар и се соседи на претходно хоспитализираните тројца дебарчани заразени со овој вирус, а заедно со нив бројот на заразени во државава се искачи на девет. Во текот на денов се испитуваа вкупно 12 лица.

– Од сите испитани пациенти денеска, двајца се позитивни од Дебар кои биле во контакт со претходно хоспитализираните, биле соседи и имале чести контакти. Сите нивни други роднини кои живеат во истата куќа се негативни, но ќе продолжат да бидат во домашна изолација и лекување. Нивната здравствена состојба го дозволува тоа, рече на прес-конференција попладнево министерот за здравство Венко Филипче, по седницата на Владата која донесе дополнителни мерки за спречување на жирењето на коронавирусот.

Владата, како што рече Филипче, ќе постапи по препораките од Светската здравствена органзиација по одлуката за прогласување пандемија,  а за што ќе имаат разговори со претставникот на СЗО во државава како и со регионалниот директор.

Со дополнителните мерки што ги усвоила Владата, на сите вработени во здравствен сектор им се препорачува да не користат одмори, платени и неплатени отсуства во овој период. – Донесовме и мерка здравстевните рабтници да бидат целосно на располагање, да нема земањер одмори, ниту пак боледувања, освен ако тоа не е неопходно. Сите здравстевни работници ни се важни. денеска и утре ќе имаме состанок за тоа од каде би регрутирале доктори и медицински сестри од другите клиники кои имаат искуство во третман на пациенти во одделение за интензивна нега доколку има потреба да помогнат на колегите на Инфективна клиника. Веќе имаме план со Клиниката за анестезија и со интензивниот одел на Клиниката за неврохирургија, рече Филипче.

Министерството за здравство телефонскиот број на Ало докторе од флаерот ќе го пренамени во соодветен кол центар заради зголемување на капацитетот, а јавниот сервис Македонска радиотелевизија и АД МИА редовно на дневна основа ќе ги емитуваат, односно објавуваат сите препораки и заклучоци од Владата со цел спречување на ширеерњето на коронавирусот.

Поврзани новости