Шекеринска: Изборот е јасен, НАТО и ЕУ или Хунзи и Белизе

by Frosina Fakova
Единственото нешто што ВМРО-ДПМНЕ може  да го обнови, е режимот, стравот и насилството, носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во изборната единица 5, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, на граѓанската трибина на коалицијата во Кичево.

Според Шекеринска, изборот е јасен, НАТО и ЕУ или Хунзи и Белизе.

-Ретко кога имаме вака ретка разлика, од едната страната имате членство во НАТО, од другата страна имате една бела палата во центарот на Скопје. Од еднава страна имате Брисел и преговори со ЕУ, на другава страна го имате Белизе и преговори со хунзите.

Поврзани новости