Мицкоски со предлог: Сите партии да се откажат од средства за кампања за референдумот

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од Лесновскиот манастир испрати апел до сите политички партии, да се откажат од средствата за кампањата за референдумот.

„Ја користам оваа прилика да апелирам и до Владата средствата да ги пренамени за реконструкција и изградба на гимназијата ‘Кирил Пејчиновиќ’ во Тетово. Но, истовремено еве да упатам апел до колегите од другите политички партии да не ги користат средствата коишто се предвидени, и истите да ги пренаменат за други цели коишто ќе бидат неопходни за решавање на вистинските проблеми на граѓаните. Сакам да испратам повик и до пратеничката група на СДСМ и до останатите политички партии, коишто се дел од владината коалиција да ги пренаменат средствата, наместо да ги користат во ваква стерилна кампања во која што ќе се обидат лагата да ја претстават како вистина, капитулацијата како победа“ – изјави Мицкоски.

Поврзани новости