Трамп „киксна“, погрешно обои американско знаме

by fokus

Американскиот претседател Доналд Трамп, првата дама Меланија и министерот за здравство, Алекс Азар, ја посетија детската болница во Охајо.

Во таа прилика Трамп и Меланија им се придружија на децата во цртање и боење на американското знаме, но, судејќи по фотографијата, која Азар ја објави на Твитер поради посета, претседателот на САД употребил погрешна боја.

Имено, црвената линија ја обоил правилно, но една линија, неколку линии подолу, ја обоил во сино.

Фотографијата брзо се прошири на социјалните мрежи, а некои корисници се пошегуваа дека наводната грешка потсетува на знамето на Русија.

Поврзани новости