Мицкоски: Одбивам да бидам премиер, ако цената за тоа е дури и еден загубен човечки живот

by Frosina Fakova

Ако еден загубен човечки живот е цената со која треба ВМРО-ДПМНЕ да победи на изборите, а јас да го добијам премиерскиот мандат, тогаш одбивам да бидам дел од таквата процедура, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по завршувањето на лидерската средба кај претседателот, Стево Пендаровски.

Тие бараат датумот за избори да биде одреден консензулано од страна на сите партии и предложиле план во неколку чекори. Тие предложиле најпрво консултација со Комисијата за заразни болести, потоа консултации со ДИК за времето, за да се спроведе овој фер и кредибилен изборен процес, под услов да се оствари првата точка.

Трето да се консултираат со ОБСЕ и ОДИХР. И четврто, кога ќе се создадат сите услови, да се одлучува за датум за евентуално одржување на избори, кои би биле кредибилни.

Поврзани новости