Кичеец барал средба со Мицкоски, тој ги повика институциите да постапуваат ако има кривично дело

by Frosina Fakova

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на новинарско прашање потврди дека имал средба со сега осудениот за случајот „Рекет“, Зоран Милески – Кичеец откако во јавноста беа објавени „бомби“, како двајцата разговараат.

Мицкоски тврди дека Кичеец десет дена претходно, барал средба со него и тврди дека со овие разговори јавноста дознала дека немало никакво кривично дело во нивната средба. Тој ги повика институциите да го испитаат овој случај и доколку најдат некое кривично дело кај него, да постапуваат, но не само за него, туку и за другите објавени „бомби“.

Поврзани новости