Премиерот Христијан Мицкоски денеска настапи на енергетски панел на Светскиот економски форум во Давос, заедно со американскиот секретар за енергетика, Крис Рајт.
Мицкоски истакна дека побарувачката за електрична енергија ќе расте дури два и пол пати побрзо од глобалниот просек, а светот во наредните десет години ќе треба да изгради капацитети за производство на околу 40.000 терават-часови електрична енергија – што е еквивалентно на потрошувачката на САД, Канада, ЕУ и Јапонија заедно.
„Македонија не смее да биде нем набљудувач“, порача премиерот, нагласувајќи ја важноста од повторно активирање на стратешките енергетски проекти Чебрен, Галиште и Бошков Мост. Тој додаде дека земјата треба да го диверзифицира својот економски фокус и да стане релевантен играч во енергетскиот сектор, користејќи ги сопствените ресурси и потенцијал за обновливи извори.
„Убеден сум дека можеме да успееме како држава во оваа насока“, заклучи Мицкоски.