Двaјца беровци се соочуваат со кривични пријави откако полицијата при претреси во нивните домови и други простории откри големо количество предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од повеќе кражби.
Меѓу пронајденото има 16 уметнички слики, златен и сребрен накит, часовници, мобилни телефони и околу 8.000 евра во готовина.
Станува збор за Ј.М.(50) и Б.М.(45), двајцата од Берово, против кои се поднесени кривични пријави за сомнение за сторени повеќе кривични дела.
Полициските службеници пронашле и 26 фалсификувани банкноти од по 50 евра, сите со ист сериски број.
Вкупната вредност на лажните банкноти изнесувала 1.300 евра.
Дополнително, во текот на истрагата бил расчистен и случај поврзан со неовластено користење туѓи банкарски картички.
Пријавените со две платежни картички што им припаѓале на други лица подигнале вкупно 50.000 денари од банкомати.