Тошковски: За навремено плаќање на прекршокот ќе има половина казна и пократка забрана за возење

by irena 20:02
20:02

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во гостување на телевизија Сител истакна дека проектот „Safe City“ не е насочен кон казнување, туку кон спасување човечки животи и зголемување на безбедноста во сообраќајот.

„Системот помага да се намали бројот на прекршоци, повредени лица и жртви, градејќи повисока сообраќајна култура“, изјави Тошковски. Според него, доверливите докази – фотографии и видео записи – ги мотивираат граѓаните да ги признаат прекршоците и да ги платат казните.

Министерот додаде дека бројот на прекршоци се намалил од над 100.000 дневно на само неколку илјади, а новото законско решение нуди можност за плаќање на половина казна во рок од осум дена, како и скратена забрана за управување моторно возило при навремено плаќање.

Слични вести