Премиерот Христијан Мицкоски изрази благодарност до САД за намалување на царините за извоз на македонски производи во оваа земја од 33 на 15 отсто, но истовремено рече дека очекува во наредниот период оваа стапка дополнително да се намали.
-Ние сме од 33 проценти намалени на 15 отсто. Преговорите продолжуваат, во моментот се наоѓаме, условно кажано, на пауза. Од она што го видовте како соопштение од страна на кабинетот на претседателот Трамп, ова е прва фаза, ова не е договор. Тој кажа дека до 1 август ќе ги објави новите царински стапки, односно не се ни царини, ова се трговски маржи рече Мицкоски.
Тој додаде дека веднаш после годишните одмори кои што ќе ги користат и во администрацијата на претседателот Трамп и во канцеларијата на трговскиот претставник на САД, но и нашите луѓе во министерствата и институциите, очекува во втората половина на август да продолжат со преговорите, како и дека очекува стапките да одат уште подолу.
-Во соседството, она кое што беше објавено, ја има Србија на пример со 35 проценти, Босна и Херцеговина со 30 проценти, или Швајцарија со 39 проценти. Ние како Македонија сме во иста група како Израел, Новешка, Европската унија – рече Мицкоски.