Мицкоски: Нема да поддржиме ваков попис, ќе испадне дека има 3 милиони жители

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи попис како што планира Зоран Заев, затоа што со таков попис ќе излезе дека Македонија има три милиони жители, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Ваков како што е конципиран пописот нема да го признаеме. Затоа даваме предлог, дајте луѓе да набавиме 10.000 терминали, дајте да попишеме резидентно население, а не замислено население. И да знаеме колку население точно имаме – рече Мицкоски на Алфа.

Тој најави дека сите предлози ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преточи во амандмани.

-Ова не може да се сопре со филибастеринг, затоа што има европско знаменце. Треба да ѝ кажеме на јавноста што можеме, а што не можеме. Ние бараме да биде вистински статистичка операција, а нема потреба од два потписа. Еве, да одиме преку „фингерпринт“ терминали односно единици каде што ќе се чита отисокот на прст – истакна Мицкоски.

Поврзани новости