Заев најави дека вакцините во Македонија ќе стигнат најверојатно во март

by fokus

Премиерот Зоран Заев денеска најави дека вакцините против корона вирусот во земјава ќе пристигнат најверојатно во март следната година. Тој додаде дека државата има издвоено средства за набавка на вакцини и ќе си ги плати. Но, потенцира, ако станува збор за донација, тогаш ние со задоволство ќе ја прифатиме без разлика од некоја држава или пак од Унијата. Тој истакна дека се обезбедени и соодветни фрижидери за чување на вакцините.

Ќе се води и јавна кампања за потребата од вакцинирање за да се вакцинираат поголем број граѓани за да се стопира ширењето на пандемијата. Вакцината, нагласи тој, нема да биде задолжителна, бидејќи секој граѓанин има право да одлучува за својот организам.

Целиот систем е врзан со КОВАКС системот. Кога ќе тргне вакцината, но, збориме за вакцинација на населението, а не за две илјади, пет илјади вакцини и да се натпреваруваме кој прв набавил. Колку доктори и сестри имаме ние само за вакцинирање, над 12-13 илјади се само медицинскиот персонал директно што работи на КОВИД, така што јас очекувам дека март ќе биде месецот на вакцинирањето, рече Заев во „Само интервју“ на Канал 5 ТВ.

Тој вели дека има земји, како Србија, која веќе набавила вакцини, но тие, рече се само мал дел, и тоа не можре да се нарече вакцинација.

Поврзани новости