Мицкоски и Николоски на средби во Унгарија: Се пожалиле дека власта прави злоупотреби на европското знаменце

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и потпретседателот на партијата, Александар Николоски денеска во Будимпешта се сретнаа со Претседателот на комитетот за надворешни работи на Парламентот на Унгарија Золт Немет и пратеникот на Фидес Габор Домос, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што објаснуваат од таму, Немет е и еден од основачите на сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ, унгарската Фидес, во два наврати државен секретар за надворешни работи, актуелен пратеник и шеф на делегацијата на Унгарија во Советот на Европа.

-На средбата се разговараше за актуелните предизвици на државата на патот кон ЕУ, парламентарната соработка на ниво на сестринските партии, како и актуелната здравствена и економска криза. Од страна на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски беше истакнато дека граѓаните на Македонија премногу долго чекаат на забележителен напредок на патот кон ЕУ, а сето тоа покрај евидентираниот недостаток на реформи, лош стандард и недостаток на правда, е отежнато и со ветото од Бугарија. Друг значаен проблем е катастрофата што се случува во економијата и исклучително високиот степен на корупција која поминува неказнето што е една од причините кочничар за напредок на државата на патот кон ЕУ, истакнал Мицкоски.

Од страна на потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ во делот на работата на Парламентот биле истакнати злоупотребите кои се правеле од власта во повеќе сфери, како и во делот на употребата на законите со европско знаменце како начин да се замолчи опозицијата и без консензус да се протуркаат клучни законски решенија, како што е законот за попис. -Николоски истакна дека сите конструктивни предлози на ВМРО ДПМНЕ врзани за пописот беа одбиени и нема таков случај во Европа каде влада без консензус со опозицијата турка попис што е јасен показател дека власта нема чесни намери. ВМРО ДПМНЕ е за објективен попис кој треба да се спроведе согласно професионалните стандарди применети во напредните европски државни, соопшти партијата.

Мицкоски се заблагодарил за досегашната поддршка и побарал од унгарските пријатели да ги искористат своите позиции за поддршка на европските интеграции на државата.

Поврзани новости