Алијанса и Алтернатива промовираа платформа за регистрација на лицата без државјанство

by fokus

Коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернативите, денеска во Скопје, ја промовираше платформата „shtetesia.mk (државјанство).

-Ова е национална платформа, каде што сите граѓани ќе имаат можност да го претстават својот проблем за добивање државјанство. Целта на оваа платформа е да се соберат информации од граѓани кои се соочуваат со проблем за добивање државјанство, сега веќе 30 години од независноста на Северна Македонија, изјави е Башким Бакиу, раководител на Аналитичкиот центар на Алијансата за Албанците.

Промоцијата на платформата следува по нивниот предлог со тројца сведоци да се добива македонско државјанство и покрај тоа што најголемите партии не го поддржаа нивниот предлог.

Поврзани новости