Мицкоски ја обвини Владата за смртта на 6-годишното девојче во битолската болница

by Fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го впери прстот во Владата како одговорна за смртта на 6-годишното девојче во битолската болница. Зборувајќи за уставните измени тој рече дека антиевропски политики не е непопустливиот став на ВМРО-ДПМНЕ, туку однесувањето на Владата во сопствената земја.

-За мене се антиевропејци се оние што ја втурнаа Македонија онаму каде е сега, најкриминална држава, полна со корупција. Она што се случи со малото дете во битолската болница, Беса транс, модуларната болница, тоа се антиевропски политики. Да местиш тендери од 22 милиони. Ова што ние го правиме не е антиевропски туку заштита на националните интереси – рече Мицкоски во Само интервју на Канал 5.

Зборувајќи за планот на опозицијата за уставни промени, Мицкоски збореше дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојдат на власт ќе асфалтираат патишта за граѓаните да не газат во кал.

Тој рече дека нема никаква комуникација со Ковачевски и дека ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од својот став. Мицкоски одби да каже што се зборува на средбите со амбасадорите.

-Нема да зборувам тоа што се зборува на тие средби. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ и мој е кристален јасен и непроменлив, не само поради политички калкулации. Покажавме високо ниво на државност и одговорност како опозиција, предупредивме да не се креира овој проблем – рече Мицкоски.

Поврзани новости