700
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во денешното интервју за телевизија Алсат истакна дека не ја исклучува можноста да организираат протести, потенцирајќи дека тие би биле мирни. На прашањето какви се односите на ВМРО-ДПМНЕ со албанските партии и дали тој како лидер се сретнал со нив, Мицкоски рече:
-Имаме средби, разговараме. Загриженоста е присутна и во едниот и во другиот блог. Споделуваме иста мака, маката се вика моментална влада во Република Македонија. Се разбира дека комуницираме. И со ДУИ имаме комуникација. Во рамките на Парламентот, пратеничките групи комуницираат. Јас имам комуникација со господинот Али Ахмети, рече Мицкоски.