Мицкоски и Филипче си разменија пораки за правосудството: Ќе има ли нови тефтерчиња?

by vlatko 21:59
21:59

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митингот во Гевгелија порача дека овие локални избори за противниците значат спас за нивните политички кариери и спас на нивните бизниси.

-Јасно е дека ова не се само локални избори, туку од вашиот глас зависи и тоа како ќе се развива државата и во кој правец ќе се движи. За нашите противници ова се избори каде тие сакаат да си ги спасат политичките кариери, но зад тоа стои намерата на човекот кој си ја приватизираше партијата и си управува час од Дубаи, час од Струмица, да си ги штити бизнисите и слободата.

А за да се случи тоа, си најми изведувач, и клучот за ова нивно сценарио се состои во контролираното судство и обвинителство, чии резултати ги видовме вчера. За сомнеж за криминал од 100 милиони во РЕК, за Марковски одлучуваат куќен притвор. И затоа СДСМ и ДУИ не гласа за смена на Љупчо Коцевски, затоа што тоа е последниот бастион на длабоката држава со која ќе расчистиме после овие избори – рече Мицкоски.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, пак, од Гази Баба го обвини Мицкоски дека не сака реформи во правосудството, туку, според него, го сака скроено по свој терк како во времето на Никола Груевск. Но, како што додаде, СДСМ нема да дозволи нови тефтеричња од белата палата.

-Не знае ВМРО-ДПМНЕ да владее ако има независни институции. Па кој ќе ја покрива нивната неспособност? Кој ќе нарачува пресуди кога ќе бидат во густо? Тоа е проблемот, на Мицкоски му треба судството под контрола за да може да сее страв, да се заканува, да уценува, исто како што беше во времето на неговиот ментор Груевски.

Затоа избега од подадената рака на СДСМ за реформи. Му реков, ајде да ги донесеме реформите тоа го бараат граѓаните. Бараат независно судство, европски реформирано судство – рече Филипче.

Слични вести