Мицкоски и Апасиев отворено се против ЕУ, велат од СДСМ

by Fokus

Сега е време за исполнување на единствената обврска која нашата држава ја има согласно преговарачката рамка, усвоена од 27 земји членки на ЕУ, а тоа се уставните измени, порачаа утрово од СДСМ.

Партијата на власт номинираше претставник во работната група за измени на Уставот и активно ќе учествува во експертското тело формирано од Министерството за правда.

„За жал, граѓаните гледаат дека заложништвото на Христијан Мицкоски кон Димитар Апасиев и Левица си го направи своето. Мицкоски и Апасиев отворено се против ЕУ и европската иднина на државата и нејзините граѓани. СДСМ, како предводник на проевропската коалиција, ќе се спротивстави на деструктивноста на оваа коалиција на хаосот, порачуваат од СДСМ.

Од таму потенцират дека „македонските граѓани сакаат да живеат во ЕУ, ама сакаат да живеат во ЕУ дома, а не да живеат во ЕУ во туѓина“.

Поврзани новости