Мицкоски: Груевски, Камчев, Мијалков и Заев се добредојдени ако сакаат да донираат во ВМРО

by Фокус

Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски истакна дека претстојната предизборна кампања ќе ја финансираат од членарина, донации и комерцијален кредит. Тој посочи дека партиското раководство ќе го изменаџира долгот од 8 милиони евра без оглед на, како што рече, тоа што државата го замрзнала партискиот имот и нема да ги префрли буџетските средства пред изборите на 12 април.

-Партијата на нејзината страница има поставено жиро-сметка и секој граѓанин во оваа држава којшто цени, еве вие на пример, или некој друг којшто цени дека треба да го поддржи ВМРО-ДПМНЕ, е добредојден да финансира. Апсолутно, секој граѓанин на оваа држава, Зоран Заев, Орце Камчев, Сашо Мијалков, Никола Груевски, еве вие на пример, којшто цени дека сака да помогне, е добредојден – рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали би прифатил донација од Мијалков или Камчев.

Поврзани новости