Мицкоски: Гордана изгуби со тежок фалсификат, но СДСМ го чека вистински пекол!

by Fokus

По поразот на ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори, првиот човек на опозицијата, Христијан Мицкоски порача дека оваа победа е постигната со тежок фалсификат.

„Слушајте го народот. Картата е црвена и тоа се боите на победата, на Македонија. Реалноста значи победа во најголемите општини. Сега победивме со уште поголема и поубедлива разлика. ВМРО-ДПМНЕ направи одличен резултат. ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка сила во Република Македонија. Не уценуваа, се закануваа, но ние работевме и дојдовме до речиси 380 илјади гласови. Ќе продолжиме да работиме а тие нека продолжат да измислуваат, под политички прогон да го стават членството на ВМРО-ДПМНЕ. Што и да прават, не можат да не избришат. Ние продолжуваме да работиме со поголема енергија, да на следните парламентарни избори освоиме близу 500 илјади гласови. Треба да се знае, дека ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова и народот беа од едната страна, а од другата страна беше онаа хотел коалиција од СДСМ, ДУИ, ДПА, НСДП, Алтернатива и сите оние 31 членка на таа хотел коалиција. Гордана може да изгуби само со тежок фалсификат, но факт е дека Европа е далечна цел со овие луѓе“, истакна Мицкоски на вечерашната прес-конференција.

Поврзани новости