Мицкоски: Филипче го откажа вчерашното обраќање зашто медиумите не го пренесувале

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата 360 степени изнесе тврдење дека министерот за здравство Венко Филипче го откажал обраќањето до јавноста, зашто медиумите не го пренесувале.

-Мојот став за Венко Филипче го знаете. Во моето семејство има многу лекари, имам пријатели лекари и верувам во способноста на лекарите. Верувам дека целиот персонал дава се од себе да се справиме со оваа состојба. Има многу сведоштва кои кажуваат дека немаат доволно средства за заштита и тоа не е некоја тајна. Филипче клучната грешка каде ја направи? Вчера ја откажа прес конференцијата зашто медиумите не го пренесувале. Дали неговите обраќања до сега беа зашто медиумите го пренесуваа или бидејќи се грижите за граѓаните. Ако се грижите за здравјето на граѓаните, нема да ви биде тоа важно. Има Јутуб, социјални мрежи…, рече Мицкоски.

Поврзани новости