ВИКЕНД ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Следуваат уште повисоки температури

by fokus

За време на овој викенд, под влијание на значително потопла воздушна маса од југ времето кај нас ќе биде сончево и релативно топло. Ќе има појава и на мала до умерена локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец, повремено ветерот на некои места ќе засилува.

Утре во попладневните часови на планинските места ќе има услови за локален краткотраен дожд проследен со ретки грмежи. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени денес, и од 17 до 25 степени во текот на утрешниот ден.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, максималната дневна температура за време на овој викенд се очекува да се искачи до околу 22 степени.

Потоа на почетокот од следната недела во попладневните часови ќе има појава на краткотраен локален пороен дожд и ретки грмежи, особено на планинските места. Температурите на воздухот нема многу да се менуваат, што значи дека и понатаму ќе продолжи пролетното топло време.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости