Мицкоски: Е нема да биде Стево, Гордана ќе биде!

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во скопската општина Ѓорче Петров го оспори начинот на кој бил избран кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски.

-Избраа кандидат за претседател во мафијашки стил во еден скап луксузен скопски хотел. Деспотот си го избра, а потоа ја собра коалицијата на тркалезна маса и одлучија Стево ќе биде. Е нема да биде Стево, Гордана ќе биде. Затоа што народот е тој кој што кажува кој ќе биде, а народот на 21 април па на 5 мај веќе гласно кажа овие 6 дена и тоа ќе го потврди тогаш, Гордана ќе биде. Гордана Силјановска Давкова, рече Мицкоски.

Поврзани новости