Јанева: Се очекува Кочан да отиде во затвор, а Јанкулоска има право да ја одложува казната бидејќи има бебе

by fokus

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева очекува набрзо зад решетки да заврши бизнисменот Сеад Кочан, кој со правосилна пресуда е осуден на четири години и осум месеци во случајот „Труст“. За екс министерката Гордана Јанкулоска, која исто така е осудена со правосилна пресуда од четири години за случајот „Тенк“, вели дека уште некој период ќе остане на слобода, бидејќи треба да се грижи за своето бебе.

-Мислам дека може да се очекува Сеад Кочан да отиде на издржување на казна затвор. Јанкулоска има право да ја одложува казната додека да порасне нејзиното дете. Исто така, има и првостепени пресуди за други лица, тие предмети ќе одат на Апелација. Тоа што се случуваше во однос на процедурите и постапките, нам ни беше предвидливо. Не ни беше предвидливо тоа што судот не ги одобри нашите барања за притворите, па така нашите предмети дојдоа во втор план, бидејќи приоритет имаат притворските предмети. Покрај нашето инсистирање, и одбраната има свои права пред судот и тоа е нормално, вели Јанева во интервју за „Независен“.

Поврзани новости