Повторно протест во Белград, сопственикот на „Пинк“ се заканил дека демонстрантите ќе ги посипе со фекалии

by fokus

Демонстрациите во Белград против претседателот Александар Вучиќ, продолжија и вечерва.

Иако првично демонстрациите требаше да се случат пред ПИНК ТВ, каде што сопственикот на телевизијата, Жељко Митровиќ подготви „специјален“ пречек на опозицијата на чело со Бошко Обрадовиќ, тие продолжија кон Плоштадот на слободата, затоа што актерот и функционер на Демократската партија, Бранислав Лечиќ им соопшти на демонстрантите дека пред Пинк ги чека заседа.

Поточно, сопственикот на ТВ Пинк, Жељко Митровиќ најави дека „граѓаните ќе ги залие со фекалии и подготвува дочек со големи звучници пред зградата на ТВ Пинк“, пренесува ТВ Н1.

Дел од протестот беа и Бошко Обрадовиќ, Никола Јанковиќ, Марко Бастаќ, Борко Стефановиќ и Зоран Живковиќ.

Претседателката на српската влада, Ана Брнабиќ, извинувајќи се кон српската јавност, рече дека не ја извадиле полицијата на терен бидејќи органиаторите според неа, сакале провокации и инциденти.

„Нив не им е важно каква слика ќе испратат пред светот, што ќе помислат инвеститорите. Тие нас не влечат назад а ние мораме постојано да одиме напред, колко што е можно побргу“, изјави Брнабиќ.

Протестите започнаа пред неколку недели а група демонстранти упаднаа во зградата на Радио-телевизија Србија за време на протестот „Еден од 5 милиони“ во Белград.

 

Поврзани новости