На Западнобалканскиот дигитален самит 2025 кој се одржува во Скопје, македонскиот премиер Христијан Мицкоски истакна дека дигитализацијата е клучот за иднината на регионот и за европската интеграција на земјата.
– Денес живееме во време кога дигиталните решенија не се прашање на избор, туку на опстанок и напредок. Западен Балкан не смее да биде заостанат агол на Европа, порача премиерот.
Тој нагласи дека дигитализацијата е алатка со која државата ќе ја победи бирократијата и ќе им обезбеди брзи и ефикасни услуги на граѓаните.
– Кога секој граѓанин ќе може со еден клик да добие документ – тоа е вистинска демократија – рече Мицкоски.
Мицкоски најави дека до крајот на мандатот сите јавни услуги ќе бидат достапни онлајн, секој граѓанин ќе има дигитален идентитет, а образованието ќе создава генерации со конкурентни дигитални вештини.
Посебен акцент стави и на потребата од силен систем за сајбер-безбедност.
– Дигитализацијата е нашиот мост кон Европа. Таа е нашиот штит против корупцијата. Таа е нашата шанса да изградиме поефикасна држава и поправедно општество“ – порача премиерот.