Митовски: Димовски изврши кривично дело со објавувањето на лекарскиот извештај

by Fokus

Документот што денеска го објавија синдикатите, според в.д. директорот на „Водовод и канлизација“ е злоупотреба на лични податоци.

– Лекарскиот запис што денеска Дарко Димовски сметаше дека е неопходно да го објави е доказ во судска постапка во која јас тужев за мобинг врз мене. Сакам да го информирам дека со објава на докази дадени во судска постапка кои содржат лични податоци на инволвирани страна, направи злоупотреба на податоци, истакна Митовски на попладневната прес-конференција.

Митовски рече дека досега до него нема пристигнато ниту една пријава за мобинг, а во однос на обвинувањата за распоредувања и откази, рече дека ниту еден редовно вработен во ЈП Водовод и Канализација не е избркан од работа.

Митовски ги демантира информациите дека се водат дисциплински постапки против 40 лица. Посочи дека постојат неколку дисциплински постапки поради тешки повреди на работното место кои биле констатирани од внатрешната ревизија за кои следат постапки по службена должност.

Платите на времено прераспоредените лица, како што посочи, не се скратени, не им се намалени бодовите за плата и не се деградирани на каков било начин.

Поврзани новости