Османи: Шефот на протокол поднесе оставка, случајот не е поврзан со службата во Москва

by Fokus

Еден човек од Македонскиот дипломатски синдикат (МДС), кој фрлаше камења на Министерството за надворешни работи, кршеше стакла и држеше говори против МНР, знаејќи дека тоа е против етичкиот кодекс на дипломатијата, сега е ставен во служба и во функција на партиските агенди, изјави денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи во одговор на новинарско прашање околу тврдењето на МДС дека неговата информација оти директорот на Протоколот во МНР поднел оставка е лажна.

– Во оваа држава има демократија, меѓутоа морам да објаснам дека тоа е лажна вест. За жал тоа е еден човек од синдикатот, а не целиот синдикат, бидејќи тука има два синдиката и ние соработуваме на дневна основа, потенцира Османи.

Во однос на наводите во соопштението на МДС дека „директорот на протоколот во МНР за една недела треба да замине како амбасадор во една голема земја“, Османи потврди дека станува збор за Русија.

– Ние требаше да пратиме амбасадор во Москва некаде на почетокот на годината. Тој ги помина сите процедури, но тогаш се случи агресијата врз Украина и ние решивме да го спуштиме нивото на дипломатски односи со Русија и да не пратиме амбасадор. Бидејќи амбасадорот беше без должност, го назначив за директор на протокол и ја вршеше таа задача до сега, изјави Османи на денешната прес-конференција по средбата со неговиот казахстански колега Мухтар Тлеуберди.

Поврзани новости