Митко Јанчев бара оставка од Мицкоски!

by fokus

Апсолутно е нормално да се постави прашањето за промена на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Дојде време за ова прашање. Ова се последните изгубени избори, четврти по ред – загуби на локалните избори, го загуби референдумот, претседателските и сега парламентарните избори“, вели за бугарската агенција БГНЕС градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, откако неговата партија ги загуби предвремените парламентарни избори.

„ Мора да има приземјување на лидерството, вклучително и промена. Ова се нештата. Нема ништо друго “, вели Јанчев.

Според него, на ВМРО-ДПМНЕ му е потребно единство и кохезија, за да ги врати своите традиционални гласачи.

„Нашата партија падна од 470.000 на 320-340.000. Дури и околу 300.000. Оваа бројка само по себе докажува дека нешто не е во ред“, изјавил Јанчев.

На прашањето дали ќе се приклучи кон промените во ВМРО-ДПМНЕ, Јанчев категорично вели: „О, да, ќе се придружам!“

Поврзани новости