Мишо Ковач ќе пее за новогодишниот дочек на плоштад во Вуковар!

by Fokus

Легендата на хрватската забавна музика, Мишо Ковач (82) ќе пее за дочекот на Нова година на плоштад во Вуковар.

Тој ја потврди веста со видео порака, во која ги покани неговите обожаватели да дојдат на концертот и заедно да ја дочекаат 2023 година.

-Голема чест ми е за Нова година да пеам во Вуковар, тоа е град кој во било која земја во светот би бил херој! Мораме да бидеме уште посилни за Вуковар да стане идол на сите Хрвати, па ве поканувам во што поголем број да дојдете на новогодишниот концерт – порача Ковач.

По подолга пауза, летово тој одржа голем концерт во Сплит, на кој присуствуваа околу 25.000 луѓе. Концертот кој траеше повеќе од три часа беше изненадување за многумина, затоа што Мишо поради здравствени проблеми паузираше од настапи со години наназад.

Додека ги пееше своите евергрини, заплака пред публиката, која му го даде епитетот крал на хрватската забавна музика.

Вики Клинчарова

Поврзани новости