Од три мерки на Ковачевски, две се предлог на ВМРО-ДПМНЕ, вели Мицкоски

by Fokus

Лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски денеска изјави дека е добро што Владата прифатила дел од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за справување со енергетската криза.

-Ja слушав внимателно прес-конференцијата на Димитар Ковачевски. Таму има три мерки од кои две се предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се основните и средните училишта да добијат повластена цена на струја и јавните претпријатија кои испорачуваат водостопански услуги кои користат пречистителни станици и ги одведуваат отпадните води или канализација да добијат исто така повластена цена на струјата, рече Мицкоски за време на посетата на Зелениково.

Поврзани новости