Мисајловски: Пред избори ќе понудиме патриотско и исправно решение со Бугарија

by Фокус

Една година лажеа дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило уставни измени, за во петокот да стане јасно дека не само што ВМРО-ДПМНЕ не прифатило уставни измени, туку и пратеници од владејачкото мнозинство не поддржуваат промена на Уставот, истакна Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-Сега ДУИ и СДС ќе одат на стратегијата која веќе ја кажаа, одложување на процесот на гласање до последниот ден на оваа влада. Зошто знаат дека кога и да ги стават на гласање, веднаш ќе паднат и ќе нема друг избор освен распишување избори, па така оставаат простор за владеење уште некој месец. Ова е сосема погрешна стратегија, можеби е добра за врвот на власта и бизнисмените блиски до нив кои профитираат од ДУИ и од СДС, но е поразителна за народот и за Македонија – рече Мисајловски.

Според него, во периодот до избори СДСМ и ДУИ нема да направат ништо добро, туку ќе продолжат со крадење, а народот ќе биде се посиромашен.

-Затоа потребни се избори, кои се единствено разумно решение за излез од кризата, а се друго е губење време. Во текот на кампањата ќе понудиме патриотско, компаративно гледано, крајно исправно решение кое ќе ги зачува, заштити и унапреди интересите на Македонија, во поглед со спорот со Бугарија. Но, за да го направиме тоа потребни се прво избори – рече тој.

Поврзани новости