Мисајловски до Заев: Ќе ве издржиме и ќе ве поразиме!

by fokus

Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, на фејсбук и порача на владата на Зоран Заев дека набрзо ќе биде поразена.

Еве го неговото обраќање во целост:

„Човек може да поднесе пораз до одредена граница. Но, кога некој ја преминува таа граница и не одбира средства да те порази, а со тоа те угнетува, тогаш се појавува нашата природна човечка одбрана.

Оваа ВЛАСТ може да не угнетува, да не апси, да не тероризира, да не заќути, да не втурне во криза, да не заплашува, пали, навредува, да измислува обвиненија и да не прогонува, да работи неуставно, незаконски, антидемократски, да создава хаос и пропаганда, но ЌЕ ВЕ ИЗДРЖИМЕ И ЌЕ ВЕ ПОРАЗИМЕ.

За само скоро една година стануваме најслабата економија, најслабата демократија, најслабата земја во прогрес на било кое поле во цел регион, само поради една причина, а тоа е заради оваа НАЈНЕСПОСОБНА ВЛАДА ВО ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА !!!

Вашата изјава и заклетва за почитување на Уставот и законите повеќе непостои, бидејќи вие ја уништивте парламентарната демократија во Македонија.

Да почнеме да бидеме ПРОМЕНАТА што сите сакаме да ја видиме, да бидеме ПРОМЕНАТА за подобра МАКЕДОНИЈА !!!, напиша Мисајловски на фејсбук.

Поврзани новости