МИОА тврди дека на „Комуналец“ не му треба посебна дозвола да го исчистат ѓубрето за време на полициски час

by Frosina Fakova

Министерството за информатичко општество и администрација денеска преку соопштение информира дека не е надлежно да издава дозволи во услови на ограничено движење на вработените во ЈП „Комуналец“.

-Оттука, демантираме дека вината зошто ЈП „Комуналец“ не се погрижило за хигиената во градот Скопје, за време на викендот е кај МИОА. Го повикуваме раководството, да постапи по насоките од Кризниот штаб на Владата, каде јасно е наведено дека претрпијатија од профилот на ЈП „Комуналец“, работењето за време на полициски час едноставно само го најавуваат на 192, наведуваат од МИОА.

Воедно, потсетуваат дека во категоријата дозволи за движење со јавување во МВР на 192 влегуваат: вработени во агенции за обезбедување и чуварски служби, како и вработени во сервисни компании како што се ЕВН, телекомуникациски и кабелски оператори и јавните и комунални претпријатија.

-Очекуваме и се надеваме дека направената грешка овој викенд брзо ќе биде поправена и дека нема да биде повторена, стои во соопштението на МИОА.

Поврзани новости