Министерството за животна средина доби задача од Владата да ги убедува Дебарца и Росоман да се изградат депонии на нивна територија

by fokus

Ќе се обезбедат финансиски средства за подготовка на тендерска документација за издавање на управувањето со комунален отпад во Југозападен, Пелагониски, Вардарски и Југоисточен плански регион под концесии, одлучи Владата.

На денешната седница, Владата го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да ја продолжи постапката за информирање на општините Росоман и Дебарца за позитивните ефекти од изградба на регионалните центри на нивната територија, до конечно потпишување на одлуките од страна на советите на овие општини.

Поврзани новости