Владина работна група ќе одлучува што понатаму со Македонското село на Водно

by fokus

Ќе се формира работна група која ќе треба да предложи како ќе продложи стопанисувањето и управувањето со комплексот Македонско село во скопско Нерези, откако концесионерот Тинекс минатиот месец одлучи да стави клуч на комплексот.

Како што одлучи Владата на денешната седница, работната група најпрво ќе треба да ги разгледа сите аспекти на новонастанатата фактичка состојба, а потоа, врз основа на анализа на сите законски решенија и да предложи постапката за натамошно стопанисување со Македонско село.

Поврзани новости