384
Ќе се обезбедат финансиски средства за подготовка на тендерска документација за издавање на управувањето со комунален отпад во Југозападен, Пелагониски, Вардарски и Југоисточен плански регион под концесии, одлучи Владата.
На денешната седница, Владата го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да ја продолжи постапката за информирање на општините Росоман и Дебарца за позитивните ефекти од изградба на регионалните центри на нивната територија, до конечно потпишување на одлуките од страна на советите на овие општини.