Министерството за одбрана на Русија тврди дека го одбиле украинскиот нападот на Доњецк

by Fokus

Руското Министерство за одбрана денес соопшти дека нејзините сили спречиле голема украинска офанзива во источниот украински регион Доњецк.

Министерството соопшти дека Киев користел шест механизирани и два тенковски баталјони во офанзивата во неделата. Се додава дека руските сили убиле 250 украински војници и уништиле десетици тенкови и возила.

„Целта на непријателот беше да ја пробие нашата одбрана во најранливиот, според него, сектор на фронтот“, рече портпаролот на Министерството, Игор Конашенков.

Тврдењата на Москва не можеа да бидат независно проверени и не беше јасно дали наводниот напад бил дел од долгоочекуваната контраофанзива на Украина за враќање на териториите преземени од Русија.

Во меѓувреме, командантот на копнените сили на Украина рече дека украинските сили продолжиле „да се движат напред“ во близина на Бахмут.

Украинските власти со месеци зборуваа за планирана контраофанзива, но не ги образложија размерите на таков напад – дали тоа би бил целосен напад на целата фронтова линија од 1.100 километри или помали до ги ослабне силите и капацитетите на Русија.

Поврзани новости