Министерството за финансии со контра-кривични пријави за еврообврзницата

by fokus 17:38
17:38

Откако СДСМ најави дека ќе поднесе тужби против министерот за финансии, Кирил Миноски, и против заменик-министерката за правда, Билјана Бришковска, поради незаконско издавање на еврообврзницата, реагираа од Министерството за финансии.

Од таму обвинуваат дека СДСМ го нарушувале угледот на Министерството и убедуваат дека еврообврзницата била издадена согласно законските прописи.

„Со цел да се заштити и угледот на институцијата Министерство за финансии и на земјата, Министерството ќе поднесе соодветни тужби до сите инволвирани страни кои со клевета придонесоа за нарушување на меѓународниот углед финансии. Согласно кривичниот законик, потсетуваме дека кривична пријава може да се поднесе и за лажно пријавување на кривични дела“ – велат од Министерството за финансии.

Претходно, СДСМ испрати и писмо до 4-те банки со кое ја оспорува законитоста на процесот за издавањето на еврообврзницата.

Тие побара од банките инволвирани во издавањето на 450 милионската еврообврзница веднаш да го запрат процесот, откако Министерот за правда Валдет Џафери, потврди дека од нив формално не било побарано мислење за правната важност на еврообврзницата.

Поврзани новости