Министерство за правда: Ќе се интензивира реконструкцијата на затворите

by Fokus

Министерството за правда соопшти дека ќе се интензивира реализацијата на проектот за реконструкција на казнено-поправните установи во Република Северна Македонија, кој се спроведува со кредит од Банката за развој на Светот на Европа.

-Министерот за правда Кренар Лога на средбата со вицегувернерот на Банката за развој на Совет на Европа, Томаш Бочек и  Арно де Вердиер кантри менаџер од Банката за развој на Советот на Европа, разговараа за приоритетните прашања поврзани со условите во затворите, третманот , постапувањето со притворените и ослудени лица со цел постигнување на ресоцијализација и рехабилитација на лицата кои издржуваат затворски казни, соопшти Министерството за правда. 

Претставниците на Банката побарале во најкус можен рок преземање на ефективни мерки за санирање на штетите настанати во полу отвореното и отвореното одделение во КПУ-КПД Идризово, велат од Министерството за правда. 

-Министерот се заблагодари за целокупната поддршка за реализација на Проектот со кои се опфатени повеќе казнено поправни установи меѓу кои и воспитно поправниот дом во Тетово и затворот во Куманово.Оценката и напредокот на состојбите во пенитенцијарниот систем се дел и од пристапниот процес за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија, соопшти Министерството за правда. 

Поврзани новости