Министерство за култура: Нема барокни фасади за МОБ и Универзитетската библиотека

by fokus

Министерството за култура демантира дека Македонската опера и балет и Универзитетската библиотека ќе се менуваат во барок.

-Напоменуваме и ја информираме македонската јавност дека станува збор за национални установи чии објекти се изградени според конкретни идејни решенија во втората половина на минатиот век и нивниот изглед е автентичен со тоа нема да има никаква промена на фасадите на овие објекти – стои во соопштението на Министерството.

Oд таму објаснуваат дека се правела обнова на големата сала во Македонската опера и балет и реконструкција на библиотеката „Свети Климент Охридски“, со обнова на читалните.

Сепак, во соопштението на министерството не е спомната одлуката за барокизација на Градскиот трговски центар.

Поврзани новости