Од септември поскапуваат билетите за приватните автобуси

by fokus

Од први септември приватните превозници ќе се приклучат кон единствениот систем за наплата со електронските картички. Со тоа ќе дојде и до изедначување на цената на билетите во приватните автобуси со автобусите на ЈСП, а тоа значи поскапување на превозот во приватните автобуси од 10 денари.

Граѓаните што нема да извадат електронска картичка ќе може да платат кај возачот, но тој нема да дава билети, туку ќе издава фискална сметка.

Од ЈСП напоменуваат дека со овој систем значително ќе се намали обемот на работата на возачите на автобусите кои во моментов покрај нивната основна дејност – возењето, мораат и да продаваат билети.

Поврзани новости