Министерство за финансии: Половина од јавниот долг го направи СДСМ

by fokus

Во 2005 година долгот на државата изнесуваше 2 милијарди евра, односно половина од долгот на државата за кој СДСМ најавува дека ќе направи ревизија е наследен од нив. Ова е реакцијата на Министерството за финансии по однос на висината на јавниот долг на Македонија кој надмина 50 отсто од БДП.

-Го охрабруваме СДСМ да каже за што се земени кредити за долгот кој тие го акумулирале. Изминативе години Македонија има интензивни инвестициски активности во инфраструктурата, како изградбата и рехабилитацијата на патните и железничките делници на Коридорите 8 и 10, изградбата на регионални и локални патишта, гасификацијата. Обезбедени се средства за изградбата и модернизацијата на клиничкиот центар Мајка Тереза и регионалната клиничка болница во Штип, за проектот Подобрување на општински услуги итн. Македонија преку кредит од Европската инвестициска банка во вредност од 350 милиони евра, во време на светската криза, кога капиталот беше тешко достапен, го поддржа приватниот сектор со пласирање на субвенционирани кредити на малите и средни претпријатија, се вели во реакцијата на Министерство за финансии.

Поврзани новости