Министерство за економија за седум дена ќе одлучи за рудникот Иловица

by Fokus

Владата на вчерашната седница го задолжила министерството за економија во рок од седум дена да се изјасни дали се исполнети условите за раскинување на договорот со Еуромакс за рудникот Иловица.

Ако се потврди дека концесионерот не ги исполнил обврските од договорот владата за седум дена на следната седница и официјално ќе го раскине договорот и по Казандол и Иловица ќе престане да ја бранува јавноста.

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) очекува Министерството за економија да констатира истечен рок на концесијата за рудникот Иловица со едноставно читање на договорот.

Единствениот логичен епилог е одземање на концесијата на следната владина седница, аналогно на случајот со рудникот Казандол. Ова ќе значи победа на правото, еколошката свест и здравиот разум над лажните ветувања на заговорниците за изградба на опасен рудник над плодното Струмичко Поле“, е ставот на паријата  ДОМ

Дека треба да се одземе концесијата за Иловица заради тоа што концесијата е истечена уште пред три години постојано укажуваа и еко активистите. Тие изминативе десет дена ги засилија своите протести и со жив штит ја бранеа котлината од која најмногу живеат земјоделците. Компанијата „Еуромакс рисорсис“, која е инвеститор на рудникот за бакар и злато  Иловица – Штука, во 2014 склучила договор со владата за концесија. Граѓаните и еко активистите уште од тогаш го почнаа движењето за запирање на рудникот кој требаше да се копа во еден од нај земјоделските региони

Поврзани новости