Министерката за култура Стефоска оди во самоизолација

by Фокус

Министерката за култура Ирена Стефоска од денеска е во самоизолација откако член од нејзиниот кабинет е позитивен на ковид-19.

„Моите обврски ќе ги извршувам од дома сè до спроведување на ковид-тестот, чиј што термин се определува согласно здравствените протоколи. Целиот изминат период доследно ги почитувавме заштитните мерки. Јас, сите вработени и соработници кои влегуваат во Министерството носиме заштитна опрема и одржуваме соодветно растојание. Се надевам дека сите ќе останеме во добро здравје и дека набрзо ќе може да се вратиме на своите работни места. На оние кои се борат со ковид-19 им посакувам побрзо опоравување, да останат силни и истрајни“, објави Стефоска на Фејсбук.

Поврзани новости